ФилмГрција
Берлинска премиера на грчката квир комедија „Лето со Кармен“
10 април 2024
Реклама
„Многу сум среќен што сум дел од проектот, зашто се работи за тоа да претстави квир приказна во нејзината суштина, а не стереотипно“, изјави во Берлин по премиерата на филмот „Лето со Кармен“, актерот Јоргос Цијантулас.
„Лето со Кармен“ е грчка комедија за двајца геј пријатели кои се обидуваат да напишат филмско сценарио. Филмот ја имаше својата германска премиера на Фестивалот на грчки филм во Берлин кон крајот на март.
Истополовите бракови станаа легални во Грција на 16 февруари 2024 година и покрај жестокото противење на православната црква.